Утрински Весник
Македонија

Интерпелацијата за републичкиот јавен обвинител Коцевски на собраниска седница на 29 јули

Javen Obvinitel Ljupco Kocevski.jpeg

За интерпелацијата за работата Љупчо Коцевски на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија поднесена на 26 јуни од пратеничката група на Левица ќе се расправа во рамки на 64. собраниска седница закажана на 29 јули. Како што стои на собраниската веб-страна, седницата треба да почне во 11 часот.

Левица во интерпелацијата доставена до претседателот на Собранието, Африм Гаши, посочуваат дека ја поднесуваат поради непочитување на уставните и законските обврски.


Интерпелацијата ја засноваме на следниве индиции, факти и правно-релативни наводи: селективни кривични истраги за трагедијата во Кочани, логистички влијанија врз работата на Јавното обвинителство, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство-Скопје, непостапување по службена должност за дивоградбите на урбаната мафија во Скопје, се вели во интерпелацијата објавена на веб-страницата на Собранието.

Додаваат дека од почетокот на мандатот на јавниот обвинител Коцевски „во Јавното обвинителство владее нефункционална и токсична атмосфера, неажурност во постапките, а забележани се и надворешните политички влијанија врз неговата работа“, за што сметаат дека е одговорен Коцевски.

Можете да прочитате

Мециновиќ: Матрицата на ДПМНЕ дека мандатот им е гарантиран може да се урне во западна Македонија

Мицкоски се самопрогласи за победник на локалните избори: „Правиме план за денот потоа“ вели тој

ВРЕДИ: Во седиштето на ДУИ треба да се инсталира детектор на лаги