Утрински Весник
Македонија

Интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески”

Tose Proeski 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На 12. Октомври 2024 година, во организација на Естрада Мултимедија Центар за првпат ќе се одржи интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески”, соопшти продукцијата.

На настанот ќе учествуваат млади музичари од Македонија, од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, но и подалечните земји како Русија, Украина, Малта, Израел…

Натпреварувачите ќе настапат прво во полуфиналето, а потоа ќе следува и финале во кое ќе учествуваат сите оние кои ќе бидат најдобро оценети од страна на жирито (кое ќе биде составено од бендот на Тоше)

Влезниците кои се во ограничен број веќе се пуштени во продажба преку сервисот мктикетс.мк и се продаваат по цена од 400 денари за билет.

„Овој настан ќе ги обедини најдобрите млади музичари и пејачи од Македонија и пошироко, кои во живо ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше Проески. Билетите се ограничени, па се препорачува заинтересираните да ги обезбедат своите места што е можно поскоро и да бидат дел од овој емотивен музички спектакл“ велат од организацијата. п

Можете да прочитате

Македонија пред екстремно ладен бран – снег и температури до -20°C

Скопјанец ја натепал поранешната девојка удирајќи ја по главата и телото, па ја исфрлил од кола туркајќи ја меѓу столбчиња

Пензионерите од Кавадарци добиваат бесплатен превоз