Утрински Весник
Спорт

Интер тргнува по Енцо Фернандез

Интер тргнува по Енцо Фернандез

Една од најверојатните трансфер бомби во 2023 година, по Светското првенство во Катар, треба да биде новиот клуб на Енцо Фернандез. Аргентинецот не беше во преден план на почетокот на Мундијалот, бидејќи селекторот на „гаучосите“, Лионел Скалони, имаше поголема доверба во тандемот Паредес – Де Пол, но од поразот против Саудиска Арабија најмногу „доби“ Енцо Фернандез.

dobivaj vesti na viber

Скокна во стартниот тим, одигра 78 минути против Полска, а потоа и цели натпревари против Мексико и Холандија. Речиси и да нема можност Енцо да не биде стартер во полуфиналето против Хрватска, но сега ќе има голема задача бидејќи ќе игра против Модриќ, Ковачиќ и Брозовиќ.

Бенфика веќе задоволно трие раце, бидејќи понуди постојано доаѓаат, а откупната клаузула е вртоглава – 120 милиони евра.

Енцо Фернандез за еден месец ќе го прослави својот 22. роденден, јасно е дека најдоброто од него допрва доаѓа, а се споменува дека го следат Интер, Реал Мадрид и Ливерпул.

Наводно, Интер го направил првиот конкретен чекор и стапил во контакт со агентот на играчот, пишуваат дел од италијанските медиуми.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност