Утрински Весник
Спорт

Интер се збогуваше со Самир Хандановиќ

Интер се збогуваше со Самир Хандановиќ

Интер и официјално се разделија со голманот Самир Хандановиќ по 11 години, пред да почнат да бараат замена во Јан Зомер и Анатолиј Трубин, откако се верува дека е блиску трансферот на Андре Онана во Манчестер јунајтед.

dobivaj vesti na viber

Договорот на словенечкиот репрезентативец, кој ќе наполни 39 години во петок, заврши на 30 јуни, но клубот преговараше за потенцијално продолжување на договорот пред заминувањеето на Онана, но се решија да потпишат со два голмани. Хандановиќ беше капитен на „нераѕурите“ за кои имаше 455 настапи и освои титула од Серија А, две од Копа Италија и две од Италијансиот суперкуп, сите во последните три години.

„Пример за другите, лидер во соблекувалната, храбар капитен. Самир Хандановиќ беше тоа во 11-те сезони во кои го бранеше голот на ‘нераѕурите’. Тој пристигна на 9 јули 2012 и од првата минута покажа фантастична професионалност, харизма и квалитет и ќе биде запаметен како еден од нашите најдобри голмани во историјата. Само Хавиер Занети со 615 меча е странски играчсо најмногу настапи во Серија А. Навивачите на Интер и на целото семејство ‘нераѕури’ му посакуваат среќа во животот“, се вели во објавата на Интер.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина