Ромелу Лукаку ги брои последните денови на „Џузепе Меаца“, бидејќи челниците на Интер не се расположени да ја продолжат позајмицата на Белгиецот од Челзи на уште една година.
Лукаку летово беше еуфорично пречекан, но во вториот мандат на Белгиецот е само бледа сенка на фудбалерот кој беше еден од најзаслужните за титулата која Интер ја освои пред две сезони.
Лукаку дојде во Интер оваа сезона како позајмен од Челзи со опција за продолжување на позајмицата на уште една година. Во текот на целата сезона Белгиецот имаше проблеми со повредите. Во Серија А постигна само три гола, што е јасен знак дека Интер ќе го врати во Челси по завршувањето на сезоната.
Италијанските медиуми пишуваат дека челниците на Интер сериозно размислуваат за Роберто Фирмино, чии договор со Ливерпул истекува по завршувањето на сезоната. За Бразилецот е заинтересиран и Јувентус.
Исто така Интер покажува интерес и за маркус Тирам кој исто така по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч.