Утрински Весник
Спорт

Интер му бара замена на Инзаги

Интер му бара замена на Инзаги

Ниту извесниот пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите нема да му ја спаси работата на Симоне Инзаги. Интер, во Лисабон, против Бенфика стекна предност од 2:0, пред реваншот во среда на „Џузепе Меаца“.

dobivaj vesti na viber

Интер под Симоне Инзаги игра добро во Лигата на шампионите, но на тренерот ќе му пресуди резултатите во Серија А. На девет кола до крајот на сезоната, Интер се наоѓа на петтото место и прашање е дали ќе избори место во Лигата на шампионите следната сезона.

Како што пренесува угледната „Газета дело Спорт“, спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, во четвртокот бил во Барселона, каде се сретнал со менаџерот на тренерот на Брајтон, Роберто Де Зерби.

На Де Зерби му оди фантастично во Брајтон, Италијанецот се бори со „галебите“ за излез во Европа следната сезона, а моментално се седми на табелата во англиската Премиер лига.

Италијанецот има силен договор со Брајтон до летото 2026 година, но враќање во татковината може да се случи, доколку има заедничка желба и Интер е подготвен да плати оштета.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина