Фудбалскиот клуб Интер има намера да ги продолжи договорите со Милан Шкрињар и Стефан де Фреј. Наводно челниците на клубот следната недела ќе се сретнат со менаџерот на Словакот, објавија денеска италијанските медиуми.
Договорите на двајцата дефанзивци истекуваат по завршувањето на сезоната. Интер е решен да ги задржи и двајцата.
Шкрињар, минатото лето постигна договор со ПСЖ, но Интер одби да го продаде за помалку од 70 милиони евра. Според медиумите, Интер не сака да мине низ истата ситуација, па е подготвен на Словакот да му понуди шест милиони евра годишно, плус бонуси.
Средбата меѓу двете страни ќе се одржи следната недела, во вторник или среда, пишува „Газета дело Спорт“.
Ситуацијата на Де Фреј е малку поинаква, бидејќи холандскиот фудбалер сака да ја прекине соработката со агенцијата на починатиот Мино Рајола и преговорите со клубот ќе започнат дури кога тој ќе избере нов менаџер, пишува италијанскиот печат.