Утрински Весник
Спорт

Интер и Барселона подготвиле мега-трејд

Интер и Барселона подготвиле мега-трејд

Интер на лето ќе го пушти Марсело Брозовиќ (30) во Барселона, а за возврат ќе го земе Франк Кеси (26), тврди каталонски „Мундо Депортиво“.

dobivaj vesti na viber

Играчите од средниот ред на Хрватска и Брегот на Слоновата Коска имаат договори со своите тимови до летото 2026 година. „Трансфермаркт“ и двајцата ги проценува на 28 милиони евра.

Да потсетиме, директорот на Интер, Пјеро Аусилио, пред неколку дена се сретна со колегата од Барселона, Матео Алемани. Нема информации за што точно разговарале.

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота изјави дека состанокот послужил како „база за следната сезона“ и дека тоа не е „ништо необично“.

Франк Кеси беше донесен од Милан во летото 2022 година, а оваа сезона забележа 36 настапи за Барселона. Брозовиќ, кој со Хрватска во декември го освои третото место на Светското првенство, за Интер одигра 27 натпревари.

Можете да прочитате

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ

Анчелоти стана рекордер во Лигата на шампионите

Навивач на Партизан го нападна тренерот на Олимпијакос