Утрински Весник
Македонија

Институциите по грешка објавиле дека имало нова несреќа во тунелот кај Катланово, сообраќајот не е во прекин

Институциите по грешка објавиле дека имало нова несреќа во тунелот кај Катланово, сообраќајот не е во прекин

Немало нова сообраќајна несреќа попладнево кај Катланово.

dobivaj vesti na viber

Погрешна била информацијата што претходно до медиумите ја испратија од Ценатрот за управување со кризи, а по известување од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.

„Поради технички причини од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека патниот правец Велес -Скопје не е во прекин и немало сообраќајна незгода. Информацијата од нивна страна по грешка е пуштена за настанот кој се случил на 26.06.2023 година“, објави ЦУК во корекцијата.

По објавата, МВР барало проверка на информацијата, и се испоставило дека на тоа место немало денес сообраќајка несреќа.

Инаку во сообраќајката што се случи пред три дена на оваа локација животот го загуби едно лице кое управувало мотоцикл, а неговата сопатничка се здоби со повреди.

Можете да прочитате

Шилегов: Ако за полицајците нема одговорност, зошто има судење за „Пулс“?

Ноќна полициска акција во Битола: Претреси во домови на дилери, пронајдена дрога

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на владите во Дубаи