Утрински Весник
Македонија

Инспекторите влегоа на скопскиот пазар за стари работи, запленети околу 100 килограми небезбедна храна

Ahv.jpg

Околу 100 килограми небезбедна храна запленија и уништија утрово инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор на пазарот за стари работи познат како бувљак, во скопската населба Маџари.

Запленета и нештетно уништена е небезбедна храна (чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви со месен нарезок, кроасани и други производи) се продавала од физичко лице во несоодветни услови (на отворено), со поминат рок на употреба и без познато потекло, за што е изречена парична казна.

Агенцијатаа апелира до граѓаните да бидат свесни и одговорни потрошувачи и храна да купуваат исклучиво од одобрени/регистрирани оператори од АХВ кои се под надзор на инспекциските служби на Агенцијата, бидејќи производите кои се продаваат на диво, од нерегистрирани оператори, најчесто од физички лица може да бидат небезбедни.

Можете да прочитате

Филиповска: Најтешко ми беше како да му соопштам на синот дека имам канцер

Чалчевска: Раното откривање е најважниот дел од борбата против канцерот на дојка

Филиповска: Дијагнозата е најтешкото нешто кога е во прашање канцерот