Утрински Весник
Македонија

Инспекторите од утре ќе проверуваат дали поевтиниле макароните и млекото, казни и до 10.000 евра за непочитување на одлуката

Европската комисија оцени дека НБРМ презема соодветни мерки по ценовните притисоци

Пазарната инспекција од утре на терен ќе врши контроли по маркетите за да види дали се спроведува одлуката за замрзнување на цените на тестенините и млечните производи.

dobivaj vesti na viber

Контролите ќе се вршат над производите кои ги опфаќаат Одлуките за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, односно: тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети) чија највисока цена на овие производи од ставот се утврдува на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 15 отсто.

Понатаму,  трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; урда; кравјo бело сирење и мешано бело сирење; кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан); кисело млеко; павлака и јогурт, без додатоци, а највисоките цени на наведените млечни производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 10 проценти.

Во случај да се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

Државниот пазарен инспекторат објави дека ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуките, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало.

Апелираат да се почитуваат одлуките, а исто така ги повикуваат граѓаните доколку забележат неправилности веднаш да пријават во пазарниот инспекторат.

Можете да прочитате

ОЈО бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза за вчерашните инциденти со македонското знаме

Калајџиев: Најавите на премиерот дека извршната ќе ја апси судската власт се трагикомични

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог