Утрински Весник
Македонија

Инспекции ја тресат струшката Итна помош за тимот кој застана на кафе додека пациентот лежеше во комбето

Инспекции ја тресат струшката Итна помош за тимот кој застана на кафе додека пациентот лежеше во комбето

Вонредниот инспекциски надзор на службата за Итна медицинска помош во Струга од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) почнал вчера, извести министерот за здравство Фатмир Меџити. Инспекцијата влезе во Здравствениот дом откако тим од Итната помош застана да пие кафе на бензинска станица додека во комбето остана да лежи пациентот кој го пренесуваа од Скопје до Струга, а министерот Меџити најави истрага и ригорозни мерки доколку се утврдат злоупотреби.

dobivaj vesti na viber

„Инспектори од ДСЗИ вчера беа на лице место. Се уште го немаме конкретниот извештај. Бевме во комуникација со директорот на Здравствениот дом и го чекаме извештајот“, рече министерот Меџити и најави дека извештајот ќе го сподели со јавноста кога ќе го добие.

Меџити за овој случај беше известен во понеделникот, од новинарка на брифингот за реформи во примарното здравство. Следниот ден за „Макфакс“ потврди дека имало такво кафе пиење од службата за Итна медицинска помош. Рече дека застанувањето било на барање на ќерката на пациентот во комбето, за која Меџити објасни дека барала да застанат оти цел ден не јадела и не пиела. Министерот објасни дека и покрај барањето на ќерката, здравствените работници не смееле на тој начин да направат пауза.

Можете да прочитате

Студено утро со температури и до минус 11 степени

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија