Утрински Весник
Спорт

Иниеста се договорил со Интер Мајами

Иниеста се договорил со Интер Мајами

По доведувањето на Лионел Меси, Интер Мајами се обидува да го опкружи со познати поранешни соиграчи на Аргентинецот, а откако во клубот од МЛС лигата веќе пристигнаа Серхио Бускетс и Жорди Алба, се работи на уште два можни трансфери. Веќе е познато дека Луис Суарез е желба на клубот, а се чини дека и Андрес Иниеста ќе пристигне на Флорида.

dobivaj vesti na viber

Легендата на Барселона, сега има 39 години, играше за јапонскиот Висел Кобе од 2018 до 2023 година, а и покрај возраста, сѐ уште е доволно квалитетен за да ја продолжи кариерата. Тој ги договорил условите за доаѓање во Интер Мајами.

Иниеста со години играше со Меси, Бускетс и Жодри Алба, па нема да му биде тешко да се вклопи и во новиот тим на Интер Мајами.

 

Можете да прочитате

Убедлив триумф на македонските кошаркари против Азербејџан

Партизан ја одби оставката на Обрадовиќ

Македонец нов европски шампион во мотоциклизам