Утрински Весник
Скопје

Иницијативата „Кој е следен“ на собир пред Собрание, МВР најави посебен режим на сообраќај

20250328174735 Big 730x400 15.webp.webp

Пред Собранието на Република Северна Македонија денеска во 11 часот ќе се одржи собир на граѓани во организација на Иницијативата „Кој е следен“ насловен „Народно собрание“. 

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека поради одржување на протест пред Собранието, Единицата за безбедност на патниот сообраќај со почеток во 11 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.


Оттаму апелираа до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници. 

Од Иницијативата „Кој е следен“ вчера преку соопштение се оградија од политичките партии.

Последниот протестен марш на Иницијативата „Кој е следен“ се одржа на 24 март под мотото „Не само како поединци, туку како заедница“.

Приоритетни барања на Иницијативата се безбедни улици и градови, неселективен и правичен систем и едуцирана младина со морален компас во вистинската насока.

Можете да прочитате

(Фото) Деновите на жалост поминаа, знамињата во Скопје останаа спуштени

Нови линии и измени: Почнува летниот распоред на летање од Меѓународниот аеродром Скопје

Жичницата на Водно утре нема да работи – ЈСП со важни информации за граѓаните