Утрински Весник
Македонија

Информација за потпишување на договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу Владата и општините

Информација за потпишување на договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу Владата  и општините
Dik 300x250 mk

После финализирањето на подготвителната фаза на неодамна усвоената информација на седница на Влада за потпишување на Договор за соработка од областа на дијаспората помеѓу Владата и 23 општини кои благовремено изразија спремност за соработка, во наредните денови следи нивното потпишување со секоја општина посебно.

dobivaj vesti na viber

„Во оваа прилика, министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи се овластува во име на Владата да ги потпише договорите за соработка во областа на дијаспората помеѓу Владата на Република Северна Македонија и општините, претставувани од нивните градоначалници. Во информацијата е јасно наведена задачата на овие канцеларии кои се осмислени да имаат посредничка улога и истите би служеле како центри во кои на припадниците на нашата дијаспора им се овозможува и олеснува пристап до потребни информации и добивање дополнителни насоки за соодветните постапки пред надлежните институции, за време на нивниот престој во матичната држава“, се наведува во владиното соопштение.

Се додава дека следствено, во процесот е вклучено и Министерството за информатичко општество и администрација кое согласно Информацијата се задолжува во рок од 15 дена од отворањето на општинските канцеларии за соработка со дијаспората да ги ангажира своите вработени да соработуваат во координација со вработените во општините определени за работа на проектот „Центар за дијаспора“, со цел заеднички да се излезе во пресрет на граѓаните од дијаспората.

Со ова, како што информираат, се постигнува суштината на напорите на Кабинетот на министерот задолжен за дијаспора во насока на спроведување на еден од стратешките приоритети како дел од Програмата на Владата на Република Северна Македонија согласно Националната стратегија за соработка со дијаспората од 2019-2023 година и воедно исполнување на примарната мисија олицетворена во добросостојбата на дијаспората.

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат