Утрински Весник
Свет

Инфлацијата во САД во март се зголеми на 3,5 отсто

Picture 526 660x486 1.jpg

Инфлацијата во САД во март се зголеми на 3,5 отсто од 3,2 отсто во февруари, објави денеска американското биро за статистика на трудот. Пазарите очекуваа пониска мартовска инфлација од 3,4 отсто, а сега е највисока од септември 2023 година, се наведува на веб-страницата на организацијата. Во март цените на енергијата пораснаа за 2,1 отсто на годишно ниво, додека претходно во февруари беа намалени за 1,9 отсто на годишно ниво. Храната поскапе за 2,2 отсто на годишно ниво, а сместувањето за 5,7 отсто, со исто темпо како и во февруари. Наспроти тоа, цените на транспортот се зголемија за 10,7 отсто на годишно ниво, а на облеката за 0,4 отсто, со побрзо темпо од февруари. Годишната стапка на базичната инфлација во САД за март изнесува 3,8 отсто, што е исто како и во февруари. На месечно ниво цените во САД се зголемени за 0,4 отсто во однос на февруари.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk