Утрински Весник
Спорт

Инфантино повика на прекин на војната во Украина за време на Светското првенство

Инфантино повика на прекин на војната во Украина за време на Светското првенство

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, повика на прекин на војната во Украина за време на Светското првенство, пренесува „Ројтерс“. За време на ручекот со лидерите на самитот на Г20 на Бали, Инфантино истакна дека Светското првенство, кое почнува в недела во Катар. е единствена можност за прекин на огнот во Украина.

dobivaj vesti na viber

„Моето барање до сите е да размислат за привремен прекин на огнот за еден месец за време на Светското првенство или барем спроведување некои хуманитарни коридори. Направете нешто што може да доведе до обновување на дијалогот, што би бил првиот чекор кон мирот“, изјави Инфантино.

Светското првенство ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември.

„Вие сте лидери на светот, имате можност да влијаете на текот на историјата. Фудбалот и Светското првенство ви нудат света платформа на единство и мир во целиот свет“, додаде првиот човек на ФИФА.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ