Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Инфантино доби поддршка од Јужна Америка за трет мандат во ФИФА

Инфантино доби поддршка од Јужна Америка за трет мандат во ФИФА
300x250 opst2

На состанокот во парагвајскиот главен град Асунсион, Извршниот комитет на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) го поддржа актуелниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино, за реизбор на оваа функција во март 2023 година.

dobivaj vesti na viber

„По размената на мислења за сегашноста и иднината на јужноамериканскиот и светскиот фудбал, Инфантино доби едногласна поддршка од федерацијата членка на КОНМЕБОЛ“, објави јужноамериканската конфедерација на својата веб-страница.

Инфантино претходно присуствуваше на состанок со челниците на КОНМЕБОЛ.

Инфантино е претседател на ФИФА од 2016 година, а на 73. конгрес во март 2023 година во Кигали, главниот град на Руанда, ќе се кандидира за трет мандат.

Тој ја презеде функцијата во 2016 година, кога ФИФА беше вмешана во корупциски скандал, попознат како „ФифаГејт“. Потоа од оваа функција го собори долгогодишниот претседател, Швајцарецот Сеп Блатер.

Поддршката на КОНМЕБОЛ доаѓа во време на затегнати односи во фудбалскиот свет поврзани со исклучувањето на Русија од квалификациите за Светското првенство во Катар и предлогот Светското првенство да се одржува на секои две години.

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН