Утрински Весник
Свет

Индија ќе инвестира 1,25 милијарди долари во развој на вештачка интелигенција

Vestacka inteligencija.jpg

Индија одобри инвестиции во висина од 1,25 милијарди долари во проекти за вештачка интелигенција (ВИ), како што се развој на компјутерска инфраструктура и големи јазични модели (LLM).

Владата на Индија, исто така, посочи дека ќе инвестира дел од овие средства во финансирање стартапи со вештачка интелигенција и апликации од јавниот сектор засновани на вештачка интелигенција.

Индиската ИТ организација Наском предвидува дека пазарот на вештачка интелигенција во Индија ќе расте со годишна стапка меѓу 25 и 30 проценти до 2027 година и ќе достигне вредност од 17 милијарди долари.

Американскиот технолошки гигант Мајкрософт на почетокот на февруари објави дека до 2025 година ќе научи два милиони индиски граѓани да користат алатки за вештачка интелигенција (ВИ), како дел од иницијативата ADVANTA(I)GE INDIA, објавија медиумите.

Лансирањето на програмата го најави извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела за време на официјалното патување во Индија.

Можете да прочитате

Македонец и двајца Срби убиени во Боливија: Телата биле спакувани во црни ќеси

Воз излета од шините во забавен парк во Британија, повредени 13 деца (ВИДЕО)

Први фотографии од телата завиткани во црни кеси по убиството во Боливија – 4 лица се уапсени