Утрински Весник
Македонија

Инцидент во Ресен: Приведени две лица, повреден полицаец

Policijasoobrakjajka Nokje.png

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Б.Р.(26) и У.Р.(54), двајцата од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”.

На 26.07.2025 во Ресен, полициски службеници сопреле патничко возило „фиат” без регистарски ознаки, управувано од Б.Р., кој одбил да се легитимира, го стартувал возилото и повредил еден полициски службеник.

Подоцна, откако бил пронајден Б.Р., тој заедно со У.Р. физички и со тврди предмети нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија. 

Можете да прочитате

ДУИ: Северна Македонија назадува според индексот на корупција

Уапсен маж од кичевско, извадил пушка пред адвокатска канцеларија и се заканувал

На државна парцела неовластено изградил деловен објект, кривична за маж од Дебар