Утрински Весник
Македонија

Инцидент во Клинички: блиските на загинат 34-годишен градежник од Турција синоќа не го давале телото на обдукција, се вмешала и полицијата   

Директори на две клиники поднесоа оставки

Загина 34-годишен градежник од Турција при пад од скеле на градилиштето на „Лимак“ во центарот на Скопје. По падот, градежникот бил пренесен во комплексот клиники, каде што починал.

dobivaj vesti na viber

„На 2.5.2023, во 18.40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на објект во изградба на подрачјето на Центар повреди добил работникот Ф. А. (34) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, кој бил пренесен во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ за укажување лекарска помош. Од добиените повреди Ф. А. нешто подоцна починал. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција“, соопшти МВР.

Неофицијално, откога починал, негови блиски луѓе направиле инцидент на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар. Не дозволувале телото да биде дадено на обдукција, па била повикана полиција. Полициските екипи со часови останале во Ургентниот центар за да воведат ред оти пред болницата се собирале блиски и колеги на загинатиот.

Можете да прочитате

Три опожарени депонии за една недела, АНБ презема засилени безбедносни активности

Тошковски: Се уште не можам да откривам кој стои зад пожарите

Анкета: 47% од граѓаните сметаат дека Македонија оди во погрешна насока