Утрински Весник
Свет

Инцидент во Егејско Море: Турски рибарски брод пукал кон грчка гранична стража

20250412185141 big 730x400 10.webp.webp
Dik 300x250 mk

Турски рибарски брод, управуван од криумчари на луѓе, утрово отворил оган врз брод на грчката крајбрежна стража кај островот Лезбос, објави грчката телевизија Скај.

Инцидентот се случил околу 8 часот во грчките територијални води. Грчките граничари се обиделе да извршат проверка на рибарскиот брод, но неговиот екипаж отворил оган со тешко оружје. Грчкиот брод возвратил, по што пловилото се повлекло во турски територијални води.


Според грчките власти, на бродот имало четворица криумчари кои претходно симнале 25 мигранти на брегот на Лезбос. Пограничниот брод го следел рибарскиот брод до турската граница и ја известил турската страна, по што тие ги сопреле сторителите.

На грчкиот брод се забележани оштетувања од стрелбата, но не се пријавени повредени.

Можете да прочитате

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил

Русија: За да биде потпишан мировен договор, Токио треба да се откаже од антирускиот курс

Новите санкции ќе ја чинат Русија 50 милијарди долари годишно вели Зеленски