Утрински Весник
Македонија

Инцидент во Битола: Дел од плафонот паднал во Големата сала во Центарот за култура 

Img 1433.jpeg

Дел од плафонот попуштил во Големата сала на Центарот за култура во Битола, но инцидентот бил навреме забележан и саниран, без да има повредени или опасност за посетителите, пренесе СДК.мк.

Според информациите, оштетувањата се појавиле на плафонската конструкција, по што веднаш биле преземени мерки за нивно отстранување.


Директорот на установата, Сашо Илковски, кој раководи со Центарот во изминатите осум месеци, изјави дека проблемот најверојатно настанал поради начинот на прицврстување на плафонските елементи.

„Плафонските елементи биле прицврстени со шајчиња од 40 милиметри за внатрешната дрвена конструкција, што најверојатно придонело за нивното попуштање“, посочил Илковски.

Тој информира дека веќе се преземени конкретни чекори за санација на проблемот.

„Се пристапи кон отстранување на десетина иверици од внатрешноста. Од вчера почнавме да истражуваме кои компании ќе можат да го санираат. Денес или утре ќе започне санацијата“, изјавил директорот.

Илковски додал дека, според информации од вработените, слични проблеми со плафонот се појавувале и во минатото, во два наврата, но тогаш биле санирани.

Поради настанатата состојба и превентивни причини, сите настани во Центарот за култура во Битола привремено се одложени.

Можете да прочитате

Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник: Еве кои се обичаите!

ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Електронските изводи меѓу најбараните услуги, се менуваат законите за институциите да не бараат „хартија“

Седница на Унијата на албански општини низ Балканот – Касами најави Иновативен центар, младите ќе се обучуваат за пазарот на трудот