Утрински Весник
Македонија

Инцидент со плинска боца во угостителски објект во Кочани, спречени посериозни последици

20260221132803 big 730x400 49.webp.webp

Помал пожар избувнал во кујнскиот дел на угостителски објект сместен во Трговскиот центар во Кочани, откако се запалило црево поврзано со плинска боца. Настанот предизвика загриженост кај граѓаните кои во тој момент се наоѓале во централното градско подрачје.

Според информациите, вработените реагирале навремено и со противпожарни апарати успеале да го локализираат огнот пред тој да се прошири во останатиот дел од објектот.

На местото веднаш пристигнала Територијалната противпожарна единица од Кочани, чии припадници ги изнеле плинските боци од просторот и дополнително го обезбедиле теренот.

Поради чадот кој преку вентилацискиот систем се проширил кон дел од становите, неколку семејства од блок А во Трговскиот центар превентивно ги напуштиле своите домови.

Интервенирала и полицијата, а надлежните служби вршат проверка за причините за настанот. Според сведоци, благодарение на брзата реакција избегнати се посериозни последици. 

Можете да прочитате

МОН со честитка за меѓународен ден на мајчиниот јазик

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов до крајот на 2029 година

Обвинение за 21-годишник, ја претепал и 15 часа ја држел заклучена бремената девојка