Утрински Весник
Спорт

„Имобиле ми е како син, можеби би го продал за 50 милиони“

„Имобиле ми е како син, можеби би го продал за 50 милиони“

24 часа по заминувањето на Сергеј Милинковиќ-Савиќ во Ал Хилал, на адреса на Лацио стигна понуда за уште еден фудбалер. Неименуван клуб од Саудиска Арабија сака да го донесе во своите редови најдобриот стрелец на Лацио, Чиро Имобиле.

dobivaj vesti na viber

Италијанските медиуми тврдат дека 33. годишниот прифатил годишна плата од 15.000.000 евра и 5.000.000 евра бонус, за потпис на договорот.

Имобиле има важечки договор со Лацио и клубот ќе треба да преговра за откуп на неговиот договор.

Според медиумите, неименуваниот клуб од Саудиска Арабија чека официјално одобрение од ПИФ (Државниот фонд за јавни инвестиции, кој подготви околу 20 милијарди за фудбалскиот пазар во следните две години), за да може да ги започне преговорите со Лацио.

Италијанските новинари го контактирале првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, во врска со можниот трансфер на Имобиле. Неговата изјава е многу интересна, што значи дека и тој не ја исклучува можноста трансферот да биде реализиран.

„Сè уште не сум добил официјална понуда за Имобиле. Тој мие како син, не е на продажба. Би се премислил само ако пристигне понуда од 50.000.000 евра. Но и тогаш не би бил сигурен дека трансферот ќе се реализира.”

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ