Утрински Весник
Магазин

Името на бебето на Бони Блу ќе се продава на аукција

Img 0920.jpeg

Контроверзната ѕвезда на платформата Онлифанс, Бони Блу, објави дека е бремена и најави дека планира активно да ги вклучи своите обожаватели во текот на бременоста.

Најголемо внимание привлече нејзината идеја името на нероденото дете да го стави на аукција, при што правото за избор би му припаднало на оној што ќе понуди највисока сума, пишува „Јаху“.


Блу, која стана позната по контроверзни тврдења од нејзиниот приватен живот, изјави дека ваквата идеја ја смета за „забавна“ и начин да ја вклучи публиката во еден од најважните периоди во нејзиниот живот. Во разговор за „Ју-ес Викли“ посочи дека обожавателите ќе бидат дел и од други моменти, како што е откривањето на полот на бебето.

Таа откри дека првите сомнежи за бременост ги почувствувала за време на патување на Тенерифе, кога имала мачнина и силни главоболки. По враќањето направила тест, кој бил позитивен.

Со оглед на нејзиниот имиџ и претходни контроверзии, во јавноста се појавија сомнежи за вистинитоста на веста, по што Блу објави и снимки од ултразвучен преглед.

И покрај желбата да ја сподели бременоста со јавноста, таа нагласи дека ќе постави јасни граници. „Сакам да избегнам било каква несоодветна интерпретација и да најдам баланс“, изјави таа, додавајќи дека најважно ѝ е здравјето на детето.

За идентитетот на таткото, Блу засега не открива детали.

Можете да прочитате

Висок крвен притисок – главни причини и совети

Поротата одлучи: „Фејсбук“ и „Јутјуб“ не предупредиле за ризикот од зависност, отштетата кон тужителот е три милиони долари

Што жените над 40 години не ги сакаат кај мажите, а генерацијата Z ги смета за привлечни