Утрински Весник
Македонија

Имавме позитивна атмосфера, вели МНР по средбата на Османи со претставници на бугарската заедница

Имавме позитивна атмосфера, вели МНР по средбата на Османи со претставници на бугарската заедница

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска, се сретна со Ѓорѓи Трендафилов и со Љупчо Горгиевски, претставници на различни организации на бугарската заедница во Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

На средбата, која помина во позитивна атмосфера, беа размените мислења за прашања кои ја засегаат бугарската заедница во Северна Македонија, предизвиците со кои се соочуваат здруженијата, како и можностите за подиректна и поинтензивна соработка со државата.

На средбата беше изразено задоволство од директниот пристап во размената на мислења, како и интенцијата за повторна средба и засилена динамика на комуникација, со цел подиректно вклучување на бугарската заедница и здруженијата кои нив ги претставуваат во рамките на редовната соработка на државата со граѓанскиот сектор.

Можете да прочитате

45 дела пријавени за наградата „Роман на годината“

Гордост на Македонија: Тина Русева донесе европска победа дома

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност