Утрински Весник
Свет

„Имаше тела насекаде околу мене, бев преплашен, станав и почнав да трчам“ – британски државјанин го преживеа падот на авионот на Ер Индија

Gtp6yrgwoaecmrj.jpeg

Британски државјанин кој ја преживеал падот на авионот во Ахмедабад го опишал моментот кога се случил. Според NDTV, шефот на полицијата во Ахмедабад рекол дека еден патник ја преживеал несреќата. НДТВ го идентификувал како британско-индиски државјанин Вишвас Кумар Рамеш.


Во разговор за весникот „Хиндустан тајмс“, Рамеш рекол дека слушнал силен тресок околу 30 секунди по полетувањето, пред авионот да се сруши. „Сè се случи толку брзо“, рекол тој, додавајќи дека од ударот претрпел повреди на градите, очите и стапалата.

Кога станав, имаше тела насекаде околу мене. Бев преплашен. Станав и почнав да трчам. Имаше парчиња од авионот насекаде. Некој ме зграпчи, ме стави во амбулантно возило и ме однесе во болница.“

Рамеш изјавил за индиските медиуми дека живеел во Лондон 20 години. Додал дека неговиот брат Аџај седел во вториот ред од авионот. Видео објавено на социјалните медиуми покажува човек како се оддалечува од местото на несреќата кон службите за итни случаи.

Можете да прочитате

ИДФ тврди дека значително е оштетен објектот за збогатување ураниум во Натанц

Објавени снимки од експлозиите во нуклеарниот комплекс на Иран

Авион на „Ер Индија“ принудно слета на островот Пукет во Тајланд по закана за поставена бомба