Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Имало недостатоци – Под клуч се повеќе познати скопски ноќни клубови

991 Ratio Diskoteka.jpg
Img 7972

Деновиве повеќе ноќни клубови во Скопје се ставени под клуч и ќе останат затворени сè додека не ги исполнат условите за работа, објави „Телма“. Во моментов е нејасно дали ова ќе биде единствена казна за сопствениците или ќе се соочат и со други мерки. Од Дирекцијата за заштита и спасување засега не откриваат детали додека не заврши акцијата, но потврдуваат дека има затворени клубови.

Според информации на Телма, меѓу засегнатите објекти се клубовите „Станица 26“, „Маракана“, „Балет“, „Пјур“ и „Епицентар“. Тие не ги исполнувале целосно мерките за заштита и спасување. Иако немаат пломби на вратите, остануваат затворени додека не ги коригираат недостатоците.


ADVERTISING

Конкретно, за Станица 26 има активна лиценца, но треба да достават одредени документи.

Премиерот Мицкоски најави мораториум за отстранување недостатоци во објекти, вклучувајќи градинки и старски домови. Додека трае, тие нема да работат, но времетраењето сè уште се договара. Нејасно е како ќе се спроведе и дали ќе има дополнителни казни.

Исто така, има недостаток на инспектори, а според годишниот план на ДПИ, не се предвидени нови вработувања. Сепак, според Реформската агенда, бројот на инспектори треба да се зголеми до јуни 2025.

Можете да прочитате

Мицкоски: Неформалната коалиција на Венко, Али и Димче има само една цел, да дојде на власт по било која цена 

Утре претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови

Мицкоски од Сарај: Повикувам на масовно гласање за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата