Утрински Весник
Македонија

Има големи оштетувања на домови во Охрид, кризниот штаб прави проценки

Има големи оштетувања на домови во Охрид, кризниот штаб прави проценки
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кризниот штаб во Охрид ја проценува штетата која ја имаат охриѓани. Освен оштетени автомобили, има и поплавени куќи. Градот уништил и кровови.

dobivaj vesti na viber

„Веднаш после завршувањето на состанокот на кризниот штаб при Општина Охрид, комисијата за проценка на штети излезе на терен. Во моментов се врши проценка каде што имаме сознанија дека се најголеми штетите, односно каде што има големи оштетувања на домовите“, напиша Пецаков.

Најпогодени се домовите во населбата Видобишта каде на поголем број куќу се оштетени крововите и е дојдено до поплавување, посочува градоначалникот.

„Се постапува и по пријавите за штети кои што се пристигнати и до Територијалната противпожарна единица и јавните претпријатија. Веднаш на терен излегува екипа и врши проценка дали станува збор за поплави и врши достава на пумпи или е за нешто друго. Постојано сме на терен и работиме на санација на оштетувањта кои се во голем обем. Сите граѓани кои имаат штети треба да ги пријават до Центарот за урпавување со кризи на телефонскиот број 112“, се додава во објавата на градоначалникот..

Можете да прочитате

Тинејџер загина во Неготино – 24info.mk

Почина Драган Б. Костиќ – 24info.mk

Манасиевски: Новите лица на Филипче се старите кадри на Заев со кои СДСМ ќе падне под 100.000 гласови