Роберто Хозе Кармона (60), повеќекратно осудениот аргентински убиец, осуден на доживотен затвор, минатиот вторник, на 13 декември, побегнал од куќа во Кордоба, додека шест чувари го следеле натпреварот помеѓу Аргентина и Хрватска.
Откако излегол од куќата, тој влегол во такси, го убил возачот, му го украл автомобилот, а потоа повредил уште две лица. По два часа повторно е уапсен.
Таксистот Хавиер Бокалон (42) бил прободен петпати во вратот, четири пати во белите дробови и два пати во левата нога.
Приведени се и шестмината чувари кои требало да го чуваат за време на неговото привремено ослободување од затвор, одобрено од локалниот суд. Инспекторите проверуваат дали чуварите учествувале во бегството и дали Кармона го искористил нивниот фокус на играта за едноставно да излезе од куќата.
Не е јасно како на Кармона му е одобрено привремено ослободување од затвор, но обвинителите сè уште не покренале истрага против судот.
Кармона го носи прекарот Човечка хиена (La Hiena Humana). Тој е аргентински крадец, силувач и сериски убиец.
Првично беше затворен за убиство на млада жена во 1986 година, а потоа убил уште двајца затвореници во одделни инциденти. Сега ја убил и својата четврта жртва.