Утрински Весник
Свет

Илон Маск ја врати титулата најбогат човек на светот

Илон Маск најави побрза работа на „Твитер“

Американскиот мултимилијардер Илон Маск повторно ја врати титулата најбогат човек на светот, објави „Форбс“. Маск се искачи на првото место благодарение на зголемувањето на акциите на „Тесла“.

dobivaj vesti na viber

Неговото богатство денеска се зголеми за уште 4,1 милијарди долари, односно за повеќе од 1,75 отсто и сега изнесува 240,7 милијарди долари.

Акциите на „Тесла“ утрово се зголемија за повеќе од 2,5 отсто на нешто повеќе од 266 американски долари. Тоа беше закрепнување по остриот пад на вредноста на акциите минатата недела. Нето вредноста на Маск сега ја надмина онаа на Бернар Арно, извршен директор на францускиот производител на луксузни производи LVMH.

Луј Витон, Кристијан Диор и Тифани се во сопственост на LVMH. Нето вредноста на Арно денеска потона за 2,4 милијарди долари, или повеќе од 1 отсто, на 234,9 милијарди долари. Сето ова се случи поради падот на вредноста на акциите на LVMH.

Инаку, Маск вчера ги претстави долгоочекуваните промени на Твитер, социјалната мрежа што ја купи во октомври минатата година за 44 милијарди долари. Тој го смени логото на компанијата од сина птица во буквата „Х“. Рече дека споменатата буква за него има посебно значење.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење