Утрински Весник
Македонија

Илир Демири и Наим Бајрами избрани за министри за здравство и за информатичко општество и администрација

20240212191001 Big 730x400 73.webp.webp

Собранието попладнево ги избра Илир Демири и Наим Бајрами за министри за здравство и за информатичко општество и администрација на местото на нивните сопартијци Фатмир Меџити и Азир Алиу кои во петокот беа разрешени на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери.

Тие положија заклетва и станаа дел од техничката влада која има за обврска да ги потготви изборите.

Предходните министри за здравство и информатичко општество и администрација од редовите на Алијанса за Албанците, Фатмир Меџити и Азир Алиу во петокот беа разрешени на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери.

На денешната седница претседателот на техничката влада, Талат Џафери, рече дека за новите министри нема што да каже повеќе од тоа што за нив го зборуваат нивните дела и нивните биографиите кои им се доставени на пратениците.

За пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ е несериозно да се назначуваат министри 85 дена до крајот на техничката влада бидејќи сметаат дека тие не можат ништо да придонесат во овие ресори.

Барањето за разрешување на Меџити и на Алиу дојде откако тие го поддржаа претседателот на Алијансата за Албанците (АА) Арбен Таравари, кој најави дека на претстојните избори ќе оди со албанската опозиција. Техничкиот премиер Џафери во петокот објасни дека причина за разрешувањето не е професионалноста на Меџити и Алиу, туку тоа што законски не може да има два опозициски субјекта во Владата

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина