Утрински Весник
Спорт

Илина и Ева Соколовски ја носат Македонија на Балканско првенство во гимнастика во Црна Гора

Gimnastika.webp.webp

Македонските сонца Илина и Ева Сколовски, најдобрите наши гимнастичарки, заедно со ФГСМ, по вторпат ќе ја носат Македонија на Балканското првенство, што ќе се одржи од 26-29 овој месец во Будва, Црна Гора. Тие ќе се натпреваруваат на музиката од песната „Кога паднав на Пирина“.

Токму затоа овие две сестри летоvо место да одмoраат интензивно тренираа. Бидејќи со родителите живеат во Германија, летниот распуст во татковината го искористија за тренинзи на домашен терен.
Ние две сме подготвени. Јас ќе настапам во сениорска конкуренција, додека Ева ќе се натпреварува во јуниорска до 16 гидини. Подготовките ги правевме во Македонија, од каде и потекнуваме. Трениравме во салата „Гоце Делчев“ во населбата Илинден, па затоа сакаме да се заблогодариме на вработените и Општина Илинден, секогаш беа подготвени да ни овозможат на тие високи температури, да тренираме во салата. Кога се заблагодаруваме не сакаме да ја заборавам и Црногорската федерација, која мене ми дозволи да тренирам со црногорските репрезентативки, затоа само ќе кажам дека се луѓе со големо срце срце, како планина, вели Илина и додава дека на покана од гимнастичкиот клуб „Авангард“ од Прилеп одржалме еден тренинг со гимнастичарките.

– Навистина имаме прекрасни дечиња кои на +40 тренират со задоволство. Нормално, патот до успехот е тежок, потрено е многу да се работи, да се тренира, но за тие услови што ги имат децта се супер. Затоа ќе бидам искрена и отворена и јавно ќе кажам дека Македонија ја носев на неколку натпревари низ Европа, особено во Германија, во Бундеслига, каде се натпреварувам како Македонка и го отварам патот на помладите гимнастичари, вели Илина.

Со оглед на големото искуство и со безбројните трофеи шти таа ги има освоено посочи дека крајно време е државата да и потпомогне на гимнастиката.

-Барем за основните работи, барем еден најобичен тепих за тренирање да се набави. Бидејќи имам големо искуство во овој спорт, би сакала лично да зборува со министерот, Борко Ристевски, на кој би му ги посочила потребите на македонските гимнастичарки, а со тоа би помогнале во развивањето на овој спорт во Македонија, додава таа.

Илина(18) и Ева(14), овие две талентирни сестри, со години осовјуваат златко, сребро и бронза за Германија. Иако се со македонски пасош, благодарејќи на големиот талент, во држва како Германија, каде не е важно од каде си и чиј си, Илина иако немаше доволно години, ниже успеси во Бундес лига, ни и на многу интернационални натпревари. Не помалку успешна е и Ева, кој досега на натпреварите најмногу има освоено златни медали.

Можете да прочитате

Ристовски: Што и да кажам ќе биде премалку по поразот од Баерн, имам само една молба

Почина легендарниот фудбалер Тото Скилачи

Шоу на Ѓоковиќ и Димитров пред, за време и по егзибицискиот меч во Софија