Утрински Весник
Македонија

Илиески: ВМРО – ДПМНЕ во Битола се распарчи на три дела!

Ilievski.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

ВМРО – ДПМНЕ во Битола се распарчи на три дела! На една страна е градоначалникот, Тони Коњановски и неговите приврзаници, на друга страна се советниците од ДПМНЕ и коалицијата, а на трета страна е Општинскиот комитет во Битола. Расколот во ВМРО – ДПМНЕ Битола се случува после дебаклот со собраните потписи за поддршка на Силјановска, соопшти на денешната прес-конференција Методија Илиески, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Битола и додаде: -И покрај сите притисоци кои ги правеа, не ја добија очекуваната поддршка од битолчани! Два дена подоцна, советниците од ДПМНЕ и коалицијата му свртеа грб на својот градоначалник, Тони Коњановски. Не гласаа за завршната сметка што тој ја предложи, а две и пол години го фалеа дека фантастично работи. СДСМ и коалицијата во советот на општината нема да дозволат Битола да биде заложник на расколот во ВМРО – ДПМНЕ и ќе ги заштитиме интересите на граѓаните. ДПМНЕ не може да донесе никаква позитивна или суштинска промена кон подобро. Иако имаат 2 години локална власт во Битола не направија ништо. Во ДПМНЕ војуваат кој да биде пратеник, а граѓаните на Битола уште војуваат со кал и ископани улици. Со Тони и ДПМНЕ Битола тони! Затоа, битолчани ќе го казнат ДПМНЕ на следните избори!

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен