Утрински Весник
Македонија

Илија Спасески не се чувствува виновен за тепањето на Пендиков

Илија Спасески не се чувствува виновен за тепањето на Пендиков
Dik 300x250 mk

Илија Спасески, еден од обвинетите за претепувањето на Христијан Пендиков, не се чувствува за виновен во случајот  во кој е обвинет дека заедно со уште едно лице го претепале охриѓанецот.

dobivaj vesti na viber

– Јасно ми е обвинението, но не се чувствувам за виновен, рече Спасески на второто рочиште од судскиот процес во Основниот суд во Охрид.

Натепаниот Христијан Пендиков не дојде ниту на денешното рочиште на кое му се суди на Илија Спасевски. Судијата и пред јавноста посочи дека пропаднал обидот за да му се достави покана за рочиште на Пендиков. На ова, адвокатот Стефан Карамишевски, бранител на Пендиков кажа дека оштетениот има здравствени проблеми.

Засега непознато е дали Пендиков, кој има својство на оштетен, но и сведок, ќе дојде во охридскиот суд за да сведочи. По нападот, тој замина за Бугарија, каде што има обезбедување, а доби и стипендија и стан.

Тепачката се случи на почетокот на јануари.

 

Можете да прочитате

По 20 години на политичката сцена Ахмети размислува за повлекување?

Се официјализира соработката: ВРЕДИ со поддршка за Мирослав Лабудовиќ

Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари