Утрински Весник
Свет

Илјадници англиски лекари штрајкуваат непосредно пред парламентарните избори на 4 јули

20240627145240 Big 730x400 23.webp.webp

Илјадници лекари во Англија денеска започнаа штрајк за зголемување на платите што ќе трае до 2 јули, пренесе Бета.

Младите англиски лекари, кои го формираат столбот на болничката нега, по единаесетти пат штрајкуваат поради несогласувањата со власта за платите и условите за работа, овој пат непосредно пред парламентарните избори во Велика Британија најавени за 4 јули, каде што е веројатна целосна промена на владата.

Синдикатот вели дека помладите лекари заработуваат околу 15 фунти (19 долари) на час, само пет фунти повеќе од минималната плата во Велика Британија од околу 10 фунти на час.

Британското лекарско здружение, синдикатот на лекарите, бара зголемување од 35 отсто.

Владата со конзервативно мнозинство минатата година ги зголеми платите на лекарите за меѓу 8,1 и 10,3 отсто, велејќи дека е „дарежлива“.

Претходно во јануари се одржа шестдневен штрајк, најдолг во историјата на британското здравство, поради што беа откажани десетици илјади прегледи и операции

Можете да прочитате

Зеленски: Украина изгуби 80 отсто од капацитетот на термоелектраните и една третина од хидроелектраните

Кулеба: Ако има мир без правда, ќе дојде до нова војна

Орбан: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е запрено, на европскиот блок му се потребни нови членки