Утрински Весник
Спорт

Играчите на Баерн го креваат гласот против тренерот Тухел

Tuhel Baern.jpg

По поразот од Бохум во германската фудбалска бундеслигашка конкуренција (2:3) атмосферата во соблекувалната кај актуелниот првак Баерн Минхен се вжешти. Раководството најавува комплетна реконструкција во играчкиот погон, а пак фудбалерите го кренаа гласот против тренерот Томас Тухел. Како негова замена на крајот од сезоната раководството на Баерн го поскаува стратегот на лидерот Баер Леверкузен, Чаби Алонсо. Поранешниот играч за врска на Баварците прави чуда во Баер Леверкузен, кој има осум бода повеќе од Баерн Минхен на врвот во Бундес-лигата. Негова конкуренција се Жозе Мурињо и Антонио Конте.
„Билд“ пренесува дека против Тухел се Џошуа Кимих, Томас Милер, Матијс де Лихт, Серж Гнабри, Леон Горецка и Матис Тел. Однесувањето на искусниот Кимих е показател за односот меѓу тренерот и играчите. Германскиот репрезентативец беше заменет по еден час игра против Бохум, а потоа влезе во жестока дискусија со еден од асистентите. Според некои извори, двајцата за малку ќе се пресметале и физички.
Сето ова доаѓа по огромното незадоволство кај симпатизерите предизвикано од трите последовни порази, од Баер Леверкузен и од Бохум во Бундес-лигата, како и од Лацио во Лигата на шампионите.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари