Утрински Весник
Спорт

Игор Штимац со помош на астролог го составувал почетниот тим на Индија

Игор Штимац со помош на астролог го составувал почетниот тим на Индија

Хрватскиот стручњак Игор Штимац (56) ја составувал репрезентацијата на Индија со помош на астролог. Медиумите од оваа земја објавија дека тренерот им го потврдил ова, им рекол дека тоа го го направил од љубопитност.

dobivaj vesti na viber

Игор Штимац веќе четири години е на клупата на индиската репрезентација. Хрватскиот стручњак се обидува да изгради култ на репрезентацијата на моментално најнаселената земја во светот (ја престигнаа Кина) и ги користи сите достапни методи.

Според Индијан Експрес, 56. годишниот тренер дури ги користи услугите на астролог за да избере го избере идеалниот тим. Тој побарал помош од астрологот Бупеш Шарма.

Индиските медиуми објавија дека Штимац разменил речиси 100 пораки со овој астролог во периодот мај-јуни 2022 година и побарал од него да му покаже, врз основа на датумот на раѓање, дали играчот е во идеална фаза од животот и дали ѕвездите тој ден се поклопуваат.

Во тој период Индија одигра четири натпревари, а Штимац разговарал со астрологот пред секој натпревар.

„Не само што го нарушил интегритетот на изборот на играчи, туку споделил и важни информации од репрезентацијата со странец и на тој начин ризикувал противникот да дознае детали од соблекувалната“, пишува Индијан Експрес.

Штимац изјави за неговото запознавање со астрологот.

„Бупеш ми беше препорачан и ме убедија дека можам да ги користам неговите услуги во репрезентацијата. Решив да ги проверам неговите можности и ништо повеќе од тоа“, истакнува Штимац и додава:

„Побарав асистент од странство и не ми дадоа. Бев шокиран од парите што му ги платија за „услугите“ за два месеци“, посочи Штимац.

За два месеци на астрологот му платиле речиси 30.000 евра, а тоа доста го налутило Штимац, кој побарал дополнителен тренер во стручниот штаб. На крајот реши да прифати необични методи на работа, што не се гледа често во светот на фудбалот.

Можете да прочитате

Ливерпул на „мускули“ победи кај последно пласираниот Саутемптон

Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа

Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1