Утрински Весник
Македонија

ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола домаќин на оскаровци, врвни кинаматографери од светот

20250919132657 big 730x400 95.webp.webp

Битола од утревечер и во наредните седум денови ќе биде домаќин на оскаровци, врвни кинаматографери од светот кои ќе учествуваат на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

На прес конференција во Битола, директорот на фестивалот Димитрија Доксевски истакна дека ИФФК „Браќа Манаки“ е фестивал што ја отвора својата врата за светлината на камерата.


-Целосно подготвени и возбудени го започнуваме 46. издание на првиот и најстар фестивал на филмска камера во светот, во полн сјај. ИФФК „Браќа Манаки“ и Битола, една недела ќе бидат центарот на филмски случувања во светот. Ќе пречекаме великани, оскаровци, врвни автори како Дариус Конџи, Воли Фистер, Семи Капланоглу, нашите лауреати. Тие ќе одржат мастеркласови, ќе престојуваат во Битола и ќе се дружат со нас за време на фестивалот, нагласи Доксевски.

На филмското платно во Битола, во главната програма ќе бидат емитувани филмови што доаѓаат од фестивалите во Кан, Венеција, Берлин… истакна Доксевски.

-Оваа година имаме огромна бројка на акредитирани гости кои ќе присуствуваат во Битола за време на целиот фестивал. Исклучителен избор на филмови од официјалните програми. Имаме филмски ремек- дела кои се дел од специјалните проекции. Исклучителни гости кои ќе бидат дел од работилниците,, предавањата и панелите на кои ќе говорат докажани и еминентни автори. Но, фестивалот ја враќа и програмата Макпоинт, зошто македонската продукција заслужува да биде гледана и препознаена. Макпоинт програмата има одлични македонски филмови кои публиката ќе може да ги гледа под отворено небо на платото пред Офицерскиот дом во Битола, посочи Доксевски.

Најновот издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола почнува утревечер со проекција на македонскиот филм „Мајка“ во режија на Теона Стругар Митевска.

Можете да прочитате

Петровска ги повика директорите на АНБ и сите засегнати да подлежат на полиграф за наводното следење

Полицискиот хеликоптер изминатите два дена фрли повеќе од 80 тони вода

Средба на министерот Муцунски со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Андрју Стоу