Утрински Весник
Македонија

ИФФК „Браќа Манаки” со повик за учество во проектот „Кадар-на“ (Her frame)

F09e20f0 680c 411d 8c05 29d7c0cbd580.jpg

ИФФК „Браќа Манаки” како дел од проектот „Кадар-на” (анг. HER FRAME, во буквален превод „Нејзин кадар”) ја поддржува иницијативата за надминување на родовата нерамноправност во филмскиот сектор.  

Проектот „Кадар-на” е поддржан од Британскиот совет како дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан” (анг. Culture and Creativity for the Western Balkans – CC4WBs), кој е финансиран од Европската унија и има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за да се оствари поголемо социо-економско влијание. Проектот „КАДАР-НА” е во заедничка реализација на Филмскиот фестивал во Нови Сад и Филмскиот фестивал „Браќа Манаки”.


Постоењето на родовата нерамноправност е утврдено на сите нивоа во аудиовизуелната индустрија, а оваа програма е наменета за нови и млади уметници, филмски работнички кои сакаат да ги усовршат своите знаења и вештини со поддршка од истакнати експерти од филмскиот свет, преку онлајн работилници и интензивна менторска програма.

Повикот е отворен до 09.06.2025, а резултатите ќе бидат објавени на 16-ти јуни.

Учесничките ќе имаат можност да следат пет онлајн работилници со експертки од филмскиот свет, конференции во Нови Сад и во Битола, три мастер-класови, менторска програма и претставување.

За дополнителни информации и/или појаснувања на  marketing@nsff.rs

Можете да прочитате

Кос: Уставните измени се единствен услов за ЕУ, манастирите, погачата и пинџурот се вашиот идентитет

Уставниот суд се иззема за предлог законот за независните кандидати

Средба на директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев со генералниот комесар на литванската полиција, генерал Паулаускас