Иако очигледно е традиција невестата да носи бел фустан на денот на својата венчавка, сведоци сме на помалку конвенционална облека.
Но, се чини дека една идна невеста не сака да отстапи од традицијата, но нејзиниот свршеник инсистира таа да носи црвено.
Оваа 27-годишна Американка се огласи на форумот Off My Chest на „Редит“ за да ја каже својата неволја.
„Мојот свршеник сака да облечам црвен фустан на нашата венчавка затоа што не сум девица – веќе избрав традиционална бела, но тој вели дека белата боја ќе ги излаже нашите гости.
Таа објаснува дека пред шест години го запознала својот свршеник (кого во текстот го нарекува Рајан), а се свршиле во 2022 година. Нејзиниот партнер во голема мера ѝ го препуштил планирањето на венчавката. Но, идната невеста останала шокирана кога еден ден се вратила од работа и нејзиниот партнер ѝ рекол дека не треба да носи бело на големиот ден.
„Ова ми беше тотално чудно. Рајан е уметничко момче, па првично помислив дека ова е повеќе за тоа како ќе испаднат фотографиите или нешто слично, но јас сум подготвена да носам бело. Му го кажав ова и можев да видам дека е изнервиран, но повеќе не ја спомна оваа тем..“
По две недели, таа го зела својот бел венчален фустан по што избувнала голема расправија.
„Тој побара да го види фустанот што го избрав, но јас реков ‘не’ затоа што сакав да биде изненадување за денот на нашата венчавка. Тој ме замоли барем да му кажам каква боја е, а кога реков бел, збесна“.
Жената не сфатила што е проблемот со носењето бело, па дополнително го прашала партнерот кој е неговиот проблем. Мажот потоа ѝ рекол дека треба да носи црвено на големиот ден. „Ми кажа дека невестите носат бело само кога се чисти“.
Жената сега се прашува дали да продолжи со планирање на венчавката бидејќи разговорот ѝ оставил чувство на гадење.
Објавата експлодира на „Редит“ со над 1.400 коментари досега, а големо мнозинство вели дека жената треба да ја откаже венчавката.
„Не сум сигурна дека би сакала да се омажам за човек што се однесува на овој начин“, напишаа повеќето.
Во меѓувреме, друг додаде: „Девојко, бегај! Непочитување, ситничаво и незрело – наведувам само неколку црвени знамиња“.