Утрински Весник
Свет

ИДФ најави дека ќе употреби „сила без преседан“ во градот Газа

Izraelski Vojnici.jpeg

Израелската армија (ИДФ) денеска најави дека ќе употреби „сила без преседан“ во градот Газа и го повика населението да се евакуира.

Израелските сили ќе ги продолжат операциите со сила без преседан против Хамас и другите терористички организации, објави на арапски јазик на платформата Икс портпаролот на ИДФ, Авишај Адрае.


Според ИДФ илјадници припадници на Хамас се кријат во градот Газа, каде се држат и израелските заложници.

Можете да прочитате

Русија бара ослободување на Мадуро

Огромна зимска бура ја парализира Америка

Родители на убиениот медицински техничар во Минеаполис тврдат дека администрацијата на Трамп „одвратно лаже“