Утрински Весник
Свет

ИДФ: Иран истрела 400 балистички ракети, но околу 20 погодија цели во Израел

Iran vojna 2 3.jpg

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека од 13 јуни Иран истрелал над 400 балистички ракети и околу 1.000 дронови врз Израел.

Нешто повеќе од 20 балистички ракети погодиле урбаните области во Израел, при што загинаа 24 луѓе, над 500 се повредени, а предизвикана е и голема штета.


ИДФ наведува дека од 1.000 беспилотни летала, но помалку од 200 навлегле во израелскиот воздушен простор. ИДФ тврди дека сите ирански дронови биле пресретнати од израелските воздухопловни сили и морнарицата

Можете да прочитате

Голем 24часовен штрајк во Германија

Маск донирал 10 милиони долари за републиканците да ја задржат контролата врз Конгресот

Десетици илјади Чеси излегоа на демонстрации за поддршка на претседателот Петр Павел