Утрински Весник
Спорт

Ибрахимовиќ наполни 41 година

Ибрахимовиќ наполни 41 година
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Еден од најдобрите напаѓачи во 21. век, Златан Ибрахимовиќ, овој понеделник го слави својот 41. роденден.

dobivaj vesti na viber

Иако влезе во петтата деценија од животот, напаѓачот на Милан нема намера да се пензионира.

Минатата сезона со Милан го освои италијанското првенство и го продолжи договорот до летото 2023 година.

Иако поради повреда паузира од пролетта, ќе го гледаме на фудбалските терени барем уште неколку месеци.

Ибрахимовиќ во кариерата постигна 571 гол и одигра 945 натпревари, а дел од головите кои ги постигна се најубавите што некогаш биле видени на фудбалските терени.

Ибрахимовиќ за роденденот реши се почести со нова „играчка“. Напаѓачот на социјалните мрежи се пофали со фотографија од уникатен модел на Ферари.

 

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk