Утрински Весник
Македонија

ИЈЗ со препораки за заштита од загадениот воздух и чадот од пожарите“

Img 6984.jpeg

„Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните со цел заштита на здравјето и благосостојбата во услови на ризик од загадување на воздухот и можна изложеност на штетни материи, како резултат на активните пожари во Скопје и околината.

Од Институтот апелираат граѓаните во подрачја каде што постои ризик да останат во затворени простории со затворени прозорци и врати, особено во близина на жаришта или во области кон кои ветерот го носи чадот. Дополнително, се препорачува исклучување на вентилациските и климатизациските системи што вовлекуваат надворешен воздух, со цел да се спречи навлегување на чад и загадувачи.


Посебно внимание треба да обрнат лицата со респираторни заболувања, децата, повозрасните лица и бремените жени, кои се советуваат да избегнуваат активности на отворено. При неопходна потреба за движење во близина на опожарени подрачја, задолжително е користење на соодветни заштитни маски.

Институтот предупредува дека треба да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото, а секој кој ќе ги почувствува овие симптоми треба веднаш да побара медицинска помош.

Воедно, се апелира установите за згрижување на стари лица да преземат мерки за минимизирање на изложеноста на оваа ранлива група. Граѓаните треба строго да ги почитуваат упатствата од јавноздравствените институции и службите за итна помош и да се воздржат од контакт со отпад или пристап до погодените подрачја сè додека не биде официјално дозволено.

Од Институтот нагласуваат дека овие мерки имаат за цел да го намалат ризикот по здравјето и да обезбедат заштита на заедницата.“

Можете да прочитате

И по цел ден борба, големиот пожар во Трубарево се уште активен – најавена прес-конференција на МВР

Стоп за Вардариште најавува протест уште од 7:30 часот наутро

МЗ: Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи