Утрински Весник
Македонија

ИЈЗ: Физичко хемиската и микробиолошката анализа на водата земена од ОУ Димо Хаџи Димов се во рамките на реферетните вредности

Ijz.webp.webp

Во текот на викендот, приправни и дежурни екипи од ИЈЗ се на работа и ги анализираат добиените мостри како и биолошки материјали добиени претходните денови од училиштата, се со цел брзоточно и ефикасно справување со ситуацијата.

Што се однесува до мострите земени од ОУ Димо Хаџи Димов, завршена е целосната анализа на мострите од вода.

Физичко хемиската анализи и микробиолошката анализа на водата земена од ОУ Димо Хаџи Димов се во рамките на реферетните вредности. Тешки метали во мострите од вода не се пронајдени.

Како што претходно известивме за резултатите од мостри од храна и работни површини од истоименото училиште, најдени се фекални бактерии Enterobacteriacea во мусаката и на неколку површини од кујната и училиштето кои укажуваат на нехигиена во училиштето и кујната.

Од добиените 7 примероци на биолошки материјал кои ги имаме примено во институтот за јавно здравје од деца кои јавиле симптоми, 6 се позитивни на Norovirus.

За дополнително пристигнатите мостри од другите 9 училишта ќе информираме во понеделник.
ИЈЗ е во постојана комуникација со другите надлежни институтиции и за сите дополнителни инфромации ќе ја информира јавноста.

Можете да прочитате

Демократски Сојуз смирува: Војната во Иран брзо ќе заврши

Фертилитетот во фокус: Експерти подготвуваат прв Национален водич за заштита на фертилитетот

Началникот на Генералштабот на АРМ ја заокружи посетата на ВС на САД  со средби со високи воени претставници во Пентагон, Вашингтон