Утрински Весник
Македонија

И Тасева по Калајџиев бара примена на правото за Јанакиески: Се надевам дека дилемите ќе се решат без влијание од јавноста

И Тасева по Калајџиев бара примена на правото за Јанакиески: Се надевам дека дилемите ќе се решат без влијание од јавноста

Универзитетската професорка и правник, Слаѓана Тасева, се согласува со Гордан Калајџиев дека судот може и треба да ги спои притворите на Миле Јанакиески од сите предмети за да му се засметаат во казната за „Титаник“. Таа посочува дека се надева оти за тоа се потребни добри познавачи на правото – а судиите треба да се токму тоа. Според неа, дилемите околу спојување на притворот треба да се разрешат во струката.

dobivaj vesti na viber

„Колегата Гордан Калајџиев како и многу пати досега, на време и со право укажува на тоа дека правната практика треба да се менува во насока на соодветна примена на правото и правдата. Се согласувам дека за тоа се потребни добри познавачи на правото, но судиите би требало да се врвни правници, теоретичари и практичари. Да се надеваме дека дилемите ќе ги разрешат во струката и надвор од влијанието на јавното мислење“, порача Тасева.

Нема пречка притворите на Миле Јанакиески да му се засметаат во казната за „Титаник“, уверува универзитетскиот професор по право, Гордан Калајџиев. Тој посочува деа случајот со Јанакиески е комплексен бидеќи е осомничен и неправосилно осуден во повеќе постапки. Калајџиев е дециден дека не е точна тезата дека спојувањето на притворите е спротивно на законите само затоа што не е предивдено во закон.

„Нема вистинска пречка притворите од различни постапки на осудениот да му се засметаат во правосилна казна; повеќето (ограничени) правници ќе тврдат дека тоа не е предвидено во закон! Законите се пишуваат по претпоставка еден обвинет една постапка. Ако случајот е комплексен (inter alia еден обвинет 10 постапки, решенијата ги бараме во правните принципи (R. Dworkin). Принципот на правичност бара фер компензација (restitutio in integrum)“, пишува Калајџиев.

Сега на потег е Кривичен суд. До нив е поднесено барање за спојување на притворите. Епилогот од одлучувањето, Миле Јанакиески ќе го дочека во затворот „Идризово“ каде е спроведен од попладнево. И неговиот адвокат Еленко Миланов посочи дека притворот од 4,6 години може да му се засмета во казната од 3,6 години.

Јанакиески при спроводот во „Идризово“, за „Макфакс“ изјави дека не се чувствува безбедно.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје