Утрински Весник
Скопје

И со ПР-от се претера: 10 жени месечно ќе имаат бесплатни прегледи во Систина ако победи Лукровски

Lukrovskisistina.jpg
Dik 300x250 mk

Кампањата за вториот круг за локалните избори влегува во финишот, а кандидатите од ден на ден го зголемуваат влогот (читај ветувањата)

Од чистење на ѓубрето, асфалт, канализации, улични светилки (како епохални проекти за 21 век) се оди до таму да почнат да се ветуваат и бесплатни прегледи и тоа ни повеќе ни помалку туку во приватни клиники.


Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, најави дека по неговото доаѓање на чело на општината, месечно по десет жени постари од 50 години ќе добиваат бесплатен преглед за остеопороза во приватната болница „Аџибадем Систина“.

Лукровски ја претстави иницијативата на средба со менаџментот и лекарскиот тим на болницата, каде што разговараа за нови модели на соработка меѓу здравствените установи и локалната самоуправа.

– Како човек кој веќе речиси три децении е дел од здравствениот систем, верувам дека локалната власт може да помогне во подобрување на превентивата и пристапот до здравствени услуги. Горд сум што имаме ваков здравствен капацитет како „Аџибадем Систина“, со кој можеме да соработуваме на општествено одговорни проекти – изјави Лукровски.

Според него, договорот предвидува 120 бесплатни прегледи годишно, односно 480 во текот на целиот градоначалнички мандат.

Со менаџментот на болницата се договоривме месечно по десет жени од Карпош, постари од 50 години, да добиваат бесплатен ДЕКСА скен, стручно мислење и понатамошен третман. Ова е наш придонес во борбата против остеопорозата и во подигнувањето на свеста за здравјето на жените – рече Лукровски.

Сепак кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ не соопшти по кој критериум ќе се бираат жените кои евентуално ќе добиваат бесплатни прегледи.

Можете да прочитате

(Видео) Трајановски даде јавен завет: Ќе поднесам оставка ако во првата година не ги започнам трите клучни проекти

Митески: Општина Аеродром успешно се справи со нефункционалноста на Комунална хигиена, во Дрисла депониравме 600 тони отпад

Герасимовски: Ќе победиме со двојно поголема разлика во вториот круг