
Солидарност со мојот пријател и патриот, премиерот Виктор Орбан, кој отсекогаш бил на чело на одбраната на слободата и правата на своите граѓани и патриоти низ цела Европа. Загриженост и цврста осуда на мешањето и заканите од странски земји. Наскоро ќе бидам во Будимпешта, претставувајќи ги италијанските патриоти, за да ја изразам нашата солидарност и поддршка, се огласи на социјалните мрежи италијанскиот вицепремиер Матео Салвини, изразувајќи му поддршка на Виктор Орбан откако тој доби директна војничка закана од Зеленски.
На закана мошне остро реагираше и словачкиот премиер, Фицо:
-Зеленски директно му се заканува на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, затоа што унгарската влада во моментов блокира воен заем од 90 милијарди за Украина. Станува збор за заем во кој ниту ние учествуваме, ниту ќе учествуваме, исто како и Чешка и Унгарија… Јавно си дозволи да каже дека ќе ја даде адресата на Виктор Орбан на војниците од украинската армија и дека тогаш Виктор Орбан веројатно ќе го разбере јазикот со кој тие војници ќе зборуваат… Тој ги премина сите граници и Словачка, како суверена држава, мора да се огласи.
Фицо директно ги прозва Урсула дер Лајен, Антонио Кошта и, како што рече, таканаречената министерка за надворешни работи на Европската Унија, Каја Калас, да се дистанцираат од овие недозволиви и уценувачки изјави на Зеленски.


